Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Зајакнување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во Земјите од Западен Балкан

2024-11-23

Зајакнување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во Земјите од Западен Балкан

На 14 ноември, во Белград, Р. Србија, одржан беше подготвителен состанок во рамки на проектот  „Зајакнување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во Земјите од Западен Балкан“ (“Strengthening Health, Access, Participation and Social Equity in Western Balkan countries” -SHAPE) финансиран од Австриското Министерство за социјални работи. Како апликант организација на проектот е Австриски Црвен крст, додека пак проектните активности ќе се имплементираат во партнерските Национални друштва – Црвен крст во РС Македонија, Албанија и  Србија во периодот Октомври 2024-Октомври 2026 година.  Цел на проектот е да придонесе во ублажување на негативните социо-економски последици за ранливите групи во Албанија, Северна Македонија и Србија, како и подобрување на социјалното и економско учество и пристапот на ранливото население до здравствени, социјални услуги и нега во овие земји.

На подготвителниот состанок, презентирани беа планираните активностите во трите Национални друштва на Црвен крст, временската рамка и специфичностите на планот за мониторинг, а дискутирани беа и организациски, финансиски и административни прашања.

Црвениот крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје, во рамки на оваа проектна поддршка, ќе реализира активности за поддршка на бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток. Поддршката ќе биде во насока на пружање услуги за олеснување на социјалната и економска интеграција на луѓето без домување, како и поддршка за оние кои се изложени на ризик од бездомништво во Скопје. Преку структуиран пристап и со поддршка на културни медијатори и волонтери, ќе се работи на дополнително зајакнување на психо-социјалната и физичката благосостојба на луѓето погодени од сиромаштија, подигнување на свеста за насилството врз жените, со акцент на жените и девојки бездомнички. Стручниот тим во Пунктот за бездомници ќе нуди и активности за промоција на здравјето и психо-социјална поддршка специфични за целната група.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025